Press "Enter" to skip to content

Платформата “Земи здив“ постави мерна станица на “СН сообраќаен центар“

По повод свеченото отворање на SN Soobrakaen Centar кое ќе се случи вечерва во 20:00 часот, Осигурителното брокерско друштво SN OSIGURITELEN BROKER донира 1 (една) мерна станица на ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ со што ја искажува нивната поддршка во инсталирањето на мрежата од сензори и ја потврдува нивната општествена одговорност кон заедницата.

Сензорот е поставен на новиот објект СН Сообраќаен центар на ул. “Михаил Апостолски Дончо“ бр.7 (Новачки пат) со што се покрива и тој дел од градот, а оваа локација ни е многу важна поради близината со државната мерна станица Битола 1. Сензорот ќе биде видлив во мрежата после завршувањето на процесот на калибрацијата на податоците.

Ова е 8-ма мерна станица во нашата мрежа од која ќе се прибираат податоци за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, а параметрите можете да ги следите на следниот линк:
https://airly.eu/map/en/

Апликацијата можете да ја симнете на следните линкови:
Android: https://play.google.com/store/apps/details…
iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152

 
More from ВестиMore posts in Вести »