Синоќа со голема голема свеченост и официјалното беше отворен “СН Сообраќаен центар“, кој се наоѓа на “Новачки пат“ на стотина метри од кружниот тек кај “Дулието“.
Свечноста започна со претставување на сопствениците, кои со сечење на црвена лента и официјално го отворија овој голем комплекс, а потоа следуваше голем огномет и концерт на битолската поп дива, Каролина, придружувана од групата “Фонтана“.
“СН Сообраќаен Центар“ е првиот повеќенаменски објект од ваков вид во нашиот град, во кој се наоѓа станицата за технички преглед, СН Центар за моторни возила, СН бар и ресторан, тобако и кафуле.
Во зградата, која е изградена по светски стандарски, ќе работат и компаниите “ФД СН Финансии“, “СН Осигурителен Брокер“, туристичката агенција “ЈК Травел“, “Webiart Solutions“ за дигитален маркетинг и веб-софтверски решенија.
Тука битолчани ќе можат да ги регистрација автомобилите и тешки моторни возила, а имаат на располагање автоперална за лесни и тешки моторни возила, автомеханичарски и вулканизерски сервис.
Тука ќе се продаваат и возилата на “форд“ и “тојота“.

Со сечење лента, огномет и концерт на Каролина отворен “СН сообраќајниот центар“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





