Со концертот на КУД „Илинден“ од Битола започна богатото Прилепско културно лето на НУЦК „Марко Цепенков“, кое ќе понуди бројни уметнички настани од сите области.
Прилепчани синоќа имаа ретка прилика да го гледаат и слушаат извонредниот концерт кој беше извонредно музичко доживување “Градски приказни“ на КУД ИЛИНДЕН – Битола, кој се одрќа во големата сала.
Kонцертот насловен „Градски приказни“ покажа дека е одличен проект – совршен спој помеѓу истокот и западот, едно патешествие кое ги допре и ориентот и медитеранот, преку звуците на врвните инструменталисти дел од чалгискиот оркестар на КУД “Илинден“ Битола, преку изведбата на фолклористите и преку извонредните градски костими кои ги презентираше ова културно уметничко друштво. Одлично прозучија песните, ората, за што друштвото беше наградено со аплуз од публиката, за на крајот да станат едно на сцената и играорците и публиката, истакнаа организаторите во Прилеп.






