Во петокот на 21 јуни беше најдолгиот ден во оваа гидина, а на тој ден се одбележува празникот на музиката “Солстис“, една манифестација која опстојува во нашиот град повеќе од 10 години, а е од стартот иницијатива на Француската алијанса од Битола, се сеќава Димче Миновски.
-Оваа манифестација е дел од традицијата на Битола, бидејќи знаеме колку е тешко да се организира една манифеастација еднаш, два или повеќе пати, а камоли повеќе од десет пати. Кога се зборува за “Солстис“ како се нарекува овој празник на музиката, мора да ја споменеме Калиопа Стилиновиќ, почесниот кунзул на Франција во Битола, која е најзаслужна за одржувањето на оваа ретка прилика, кога цел Широк Сокак е исполнет со музика, вели Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
Миновски, се присеќава дека, според него, а и според многумина битолчани, пред 10 години настапот на групата “Банда“, бил еден од највпечатливите, а битолчани уживале и марширале, заедно со музичарите од некогашното кафуле “Еф-икс“ кај Стаклената, се до Камен мост и уживале во музиката.

Деновиве пред 10 години: групата “Банда“ на “Солстис“ на Широк Сокак (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





