-Кај да си со битолчани да си, па и на одмор, многу мајтапи и чадор од 1977, “Made in SFRJ“ или по ЈУС, со Ивона, Данче и Тони-Џемс на одмор во Хањоти…
Летото календарски започна, но и врели жешки денови. Овој период многу битолчани одат на одмор по цени кои се поприфатливи од оние во т.н. “шпиц“ на сезона. туристичката агенцијс “JK Травел“ со голем број на аранжмани за лето 2019. Едни од нив се аранжманите на грчкото крајбрежје и на полуострововот Касандра или како битолчани го викаат, Првиот крак.
Дел од нив се во туристичкото место Хањоти, мало туристичко место, со бујна вегетација, песочна плажа и тиркизно море. Во вила “Вергина“ сместени голем број голем број битолчани преку битолската, туристичката агенција “ЈК Травел“.
Правејќи ја нашата летна репортажа, направивме прекрасни фотографии од местото, но и поразговаравме со наши битолчани кои преку ЈК “Травел“ се сместени во вила „Вергина“ и уживаа во својот летен одмор и се разладуваа од високите температури кои деновиве надминуваат и 35 степени целзиусови.
-Доаѓам тука веќе четири години по ред со семејството. Многу сме задоволни и им препорачавме и на наши пријатели да дојдат во вила “Вергина“ и сега сме едно поголемо битолско друштво во неколку соби едно до друго. Се дружиме убаво. Запознаваме и други луѓе. Ги има и од Србија, Русија… но знаете ние битолчани иако ќе кажеме дека барем за летниот одмор сакаме да сме настрана шо се вели “да не не гледаат какви сме по купачи“, се бараме меѓусебно и на одмор низ смеа и шега го започна муабетот, Тони Павловски, кого битолчани го знаат како Џемс, кој забавувајќи и играјќи со децата во вода и на плажа, додава:
-Мора да признаеме дека си имаме наши битолски мајтапи кои можеби другите не ни ги сфаќаат. Затоа убаво е и овде со битолчани. Еве денес меѓу другото падна мајтап на моја сметка за чадорот за на плажа кој го носам, а е од 1977 година и изглед со препознатлив дезен од 70-тите години, правен по јус-стандарди шо се вели.
Неговата сопруга, Ивона, се надоврза:
-Ние и нашите деца убави си поминуваме на овој летен одмор, во дружење во смеа… Ние, жените сме едно убаво друштво кое си прави ќеф со некој коктел на плажа или нес-кафе. Секако тука е и шопингот и се радуваме и да си купиме по некоја ситница. Јас велам дека во добро друштво се е убаво кај и да си.
Данче Веруш-Тамбура, го продолжи разговорот:
-Нашите деца кои се слична возраст исто така се дружат и тие имаат посебно дружење. Можеби како битолчани сме малку гласни на плажата, но на другите им сме и по малку симпатични со мајтапите на наша сметка и оние кои не разбираат ни се приклучуваат, така сигурно ќе се случи и ново познанство, дури и пријателство кои потоа продолжува на фејсбук. Тоа се луѓе од други градови од државата, но и од од Србија, Русија, Чешка…
Задоволни од услугите на “ЈК Травел“ и велат дека ако најдат некој слободен ден ќе резервираат и за септември, а за следна година сигурно. Ваквите дружења оставаат впечатоци кои се помнат цел живот, особено кај децата, додаваат сите без исклучок.
Низ разговорите за репортажата, дружењето ме потсети на оние дружби кои ги имаше пред да се појават социјалните мрежи со праќање на стикери и бакнежи во виртуелната реалност. Овие дружења со искреност кога сме секако расоблечени и во тело, а и душа, се посебни, квалитетни и траат, исто како и чадорот за на плажа од 1977 година.
Жанета Ристевска

“Bitolanews“ летна репортажа, со “JK Травел“ во Хањоти, вила “Вергина“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





