Press "Enter" to skip to content

Изложба и концерт по повод Денот на државноста на Хрватска

Денес во салата за изложби во НУ Завод и музеј во Битола, Македонското-хрватско друштво Хрватски културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола, ќе го одбележи Денот на државноста на Хрватска.

-Македонското-хрватско друштво Хрватски културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола традиционално го одбележува Денот на државноста на Хрватска со организирање на концерти и други културни настани. Оваа година во рамките на одбележувањето ќе биде отворена изложба “Пет векова Марулиќева евангелиста“ Сплит и концерт на далматинската женска волкална клапа КУД “Јединство“ од Сплит, Хрватска, ни рече претседателот на Македонското-хрватско друштво Хрватски културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола, Бранко Маретиќ.

Годинашното одбележување на Денот на државноста на Хрватска е потпомогнато од Хрватската матица на иселеници од Сплит и литературниот круг “Сплит-Марулианум“.

Изложбата ќе биде свечено отворена во 19,30 часот, а потоа ќе следи концертот.

Од Македонското-хрватско друштво Хрватски културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола најавуваат и присуство на претставници на хрватската држава, а Денот на државноста беше одбележан и во Скопје.

More from КултураMore posts in Култура »