Press "Enter" to skip to content

Со  концерт на Сузана Гавазова започна културно-забавно лето “Новаци 2019“ (фото)

Со  концерт на Сузана Гавазова и Ален Хасанович придружувани од групата “Молика Оне Бенд“ започна културно-забавно лето “Новаци 2019“, манифестација која по 7-ми пат се одржува во општина Новаци, под покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот Љубе Кузманоски.Отворањето го проследија околу 1.000 посетители од сите каришта од пелагонискиот регион, а специјални гости беа градоначалници од пелагонискиот регион, претставници од руската амбасада, како и градоначалникот на збратимената општина Дуги Рат.Градоначалникот Кузманоски официјално го прогласи културно-забавно лето “Новаци 2019“ за отворено, кој нагласи дека во претстојниот летен период во месец јули и август општина Новаци ќе доживее вистинска културна експанзија со културни настани во повеќе населени места дури во поодалечените населени места од централното подрачје.Организаторот се подруди во дослух со граѓаните на општина Новаци да создаде квалитетна програмска содржина со настани кои ќе бидат максимално посети и во кои многубројната публика ќе ужива во престојниот летен период.