Викендот што следува ќе слушаме староградска музика и ќе пиеме чаша прекрасно вино од нашиот, битолски бренд, “Чифлик“ винарија.
Не дозволувајте да ви прераскажуваат…бидете и вие дел од прекрасниот фестивал на староградска музика и вино што ќе се одржи по втор пат во старата битолска чаршија.
Фестивалот ќе се одржуба два дена, денес битолчани ќе ги забавува групата “Деспина“ и Марија Груевска, а утре во старата чаршија ќе пеат Сефедин Бајрамов, “Икс бенд“ и “Мелос бенд“.
Ова е второ издание на фестивалот, а минатата години исто се одржа во Старата битолка чаршија.






