Традиционално 15 години по ред во овој период се одржува меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“, па затоа, Димче Миновски, потсетува на тоа како изгледаше колонијата пред 10 години.
-Според моите забелешки кои ги имам, пред 10 години колонијата се одржа во месец јули, и тоа при крајот, а годинава се одржа еден месец порано. Во 2009 година уметниците твореа во фоајето на Народниот театар, а не можам да кажам дали беа цело време таму или само дел од работата изведуваа таму. Но, и тогаш со нив беше Панде Петровски, кој им беше домаќин на сите кои твореа во Битола, вели доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски, кој грижливо ги има забележувано најзначајните настани се само во последните 10 години, туку и порано.
Колонијата годинава го прослави големиот јубилеј, 15 години непрекинато одржување, со голема творечка работа на десетина уметници од цел свет, со изложби, работилници и она што за организаторите Силвана и Драги Филевски, многу дружење.

Деновиве пред 10 години: колонијата “Де Ниро“ и во 2009 година беше значаен културен настан (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





