Последната, втора вечер на “Фестивалот на староградска музика и вино“ кој викендов се одржа во Старата битолска чаршија, помина во одлична атмосфера, а дел од гостите понесеси од звуците на староградската музика, вечерата ја завршија со валцер, за пто следуваше заслужен аплауз.
А, за оваа втора вечер да остане во сеќавање на присутните битолчани се погрижија “Мелос бенд“, “Икс бенд“ и Сефејдин Бајрамов, а добрата музика беше надополнета со вината на винаријата “Чифлик“.
Амбиентот на старата битолска чаршија, повторно се исполни со звуците на песните “Ратка“, “Не стој Доне Донке“, “Мајка на Марика думаше“, “За Солуна, за Стамбола Битола не давам“… кои заедно го изведувачите ги пееја и гостите.
Манифестацијата „Фестивал на староградска музика и вино“ е во рамки на Битолско лето 2019 година и се одржува втора година по ред, а организаторот сака на некој подруг начин да го врати сјајот на битолската чаршија.
Многу битолчани сакаат се присетат на еден период поточно во 80 години кога тука беа кафулината, а повозрасните на некое друго подалечно време, кога тука беа занаетите, кафаните…, а улиците беа корзо и шетање.
Потребни се повеќе манифестации со кои би се вратиле традициналните и културни вредности кои и ги поседува оваа чаршија, а и секако Битола.

Со валцер заврши “Фестивалот на староградска музика и вино“ во Чаршијата (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





