Владо Георгиев – боемски со душа и срце пееше и ги воодушеви повеќе од 3.000 биточани на синоќешниот концерт, кои дел од концертот го следеа по дожд.Летниот дождот кој синоќа започна да врне, не ги спречи фановите и сите оние кои сакаа да присуствуваат на концертот на големата балканска поп звезда Владо Георгиев.
Околу 3.000 илјади битолчани го исполнија античкиот амфитеатар Хераклеја до последно место.
Глетката со отворени чадори и дожд, единствена и како создадена за концертот со музиката на Владо Георгиев романтична, боемска…
Владо Георгиев излезе на сцената со својата хармоника која е и негов прв инструмент и ја поздрави публиката во сопствемн стил на шармер „Здраво Битола“ „Што прајте“ со специфичен акцент и очигледно воодушевен од атмосферата во амфитеатарот на Хераклеа и летната дождлива ноќ.
После романтичните звуци на неколку песни ја испеа „Битола мој роден крај“ во џез верзија и силен аплауз од публиката.
Потоа продолжи „боемски“ како што и се обрати на публиката која ги пееше заедно сите негови хитови.
Звуците на “Анџеле“, “Нисам љубоморан“, “До свитања“, “Ти и ја“, “Хеј ти (Еј)“, “Без тебе“ и други се слушаа на полна месечина која излезе, кога престана дождот, а битолчани уживаат боемски.
Со музиката и Владо Георгиев кој шеретски комуницираше со публиката особено со женскиот дел, но посебно внимание обрна и кон најмалите кои присуствуваа на концертот.
Тој во текот на концертот пееше и свиреше и ги покажа своите мултиталенти како што зборува и неговата биографија.
Владо Георгиев е музичар и композитор. Тој првично свирел хармоника и имал желба да стане голем џез музичар. Потоа тој почнал да свирипијано, синтисајзети и други клавијатирни инструменти.
Аранжира песни и работел со многу екс-југословенски и странски ѕвезди. Снимил повеќе студиски албуми и многу хитови со кој доживеал голем успех.
Тој е еден од најпопуларните пејачи и изведувачи во Србија и Црна Гора и е многу популарен во сите екс-југословенски држави. Сопственик на издавачка куќа “Барба музика“ и е голем борец за правата на авторите.
Тој бил водител на српската верзија на талент-шоуто “The Voice” (“Први глас Србије”) во 2011 и 2012 година и жири во “Твоје лице звучи познато“ ТЛЗП.
На концертот, во Хераклеја, пред битолчани и публика од околните градови, докажа дека е и вистински уметник со душа и срце.
Жанета Ристевска

Спектакуларен концерт на Владо Георгиев во античкиот амфитеатар на Хераклеја (мега фотогалерија)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Широк Сокак во бело“ по 13 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)
- Детски хепенинг на 13. издание на “Широк Сокак во бело- Бела ноќ“ кај Офицерски во Битола (фотогалерија)
- Armin Van Buuren сет визуелно музичко патување и спектакл на стадионот во Битола, уживаше публика од 10 илјади (фотогалерија+видео)
- Теа Таировиќ ја разгоре атмосферата на ракометно игралиште во Битола (фотогалерија)
- Ламбе Алабаковски и “Како пиреј“ за старт на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“ (видео)