На вториот ден на “Локум фест“ фест на официјалната бина во старата битолска чаршија, пред “Бар Чаршија“ настапи кларинетистот Бјонко со неговиот бенд, групата “Византиска силуета, а студентот по историја Васко Гичевски, прочита шест турски фермани.
Главната звезда на вечерта кларинетистот од Данска кој потекнува од Битола, Бјонко Стошиќ Петерсен и настапи со својот бенд „Bjonko & The Balkanbeat Band“.
Бјонко Стошиќ е роден и израснат во Копенхаген, а потекнува од семејство на музичари од Битола. Ментор му бил познатиот македонски кларинетист Чапче Наумовски, чиј балкански звук и свирење по фрази се типични за јужномакедонскиот регион.
Бјонко настапувал на најголемите дански музички фестивали и е добитник на данската награда за настапи во живо на „DMA World“ во 2015 година. Соработува со бендови и артисти од секаков жанр, од авангардни експерименти до спој на традиционалната балканска музика со модерниот западен рок, поп и хип-хоп.
Повеќе од две децении тој на скандинавската музичка сцена ги носи балканските ритми на кларинет и саксофон. Покрај него, во бендот „Bjonko & The Balkanbeat Band“ се и: Расим Дураковиќ – хармоника, Расмус Ларле Дамсгард – бас, Расмус Волден – гитара и Микел Вилингсхој – тапани.
Големиот број на луѓе кои беа во Чаршијата понесени од музиката на Бјонко, кој изведе одлични преработки на македонски песни, воодушевувањето ги понесе да се одиграат големо оро.
Денес е последната трета вечер на “Локум фест“ во 21 часот, на официјалната бина, ќе настапат девојките од патувачкиот караван “Перија“, а Македонија, Кина и Бразил ќе се спојат вечер во настапот на Јордна Костов, Маки Хацкија и Марко Босо.
[ngg src=”galleries” ids=”367″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






