Откако се тргнати забраните за риболов, страсните риболовци кои редовно се на брегот на Стрежевското Езеро се пофалија со уловени десетина капиталци, а еден од нив е Лазар Николовски, или популарно викан, Лазе 105.
Николовски деновиве улови сом, капиталец, со тежина од околу 15 килограми, долг повеќе од еден метар, а за уловот вели:
-Бев на риболов со “спиење“, како велиме ние рибарите, а утрото на јадица се закачи сомот, по што следуваше борба, која за среќа траеше само петнаесетина минути, по што сомот се најде во кошницата. Сомот го уловив на истото место, каде секогаш ловам. Ова не е мој личен рекорд, бидејќи лани уловив сом од 25 килограми на јадица на истото место, а за бројот и големината на крапови не сакам да зборувам и да се фалам, оние кои се со мене на езеро знаат.
Инаку, Лазе 105, е страствен риболовец повеќе од 40 години, а 22 години е секогаш кога ќе му се укаже прилика на брегот на Стрежевското езеро, а негова страст е риболовот на крап и сом и е како велат од ЈП “Стрежево“ и риболовците, еден од оние рибари кои е пример како да се однесуваат риболовците на езерото.

Сом капиталец, на Стрежевско, “фати“ Лазе од “Радио 105“ (фото)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- Јубилеен концерт на Борче Наумовски- Министерот во Битола, во Хераклеја (фотогалерија)
- “Орфеј No. 8“ во “Расчекор“ Битола ги спои генерациите: Ретро вечер што ги врати спомените и создаде нови (фотогалерија)
- DJ Krazy Slave Keleshovski, Ile The Hair и Николче Терзиевски го враќаат звукот на “Орфеј“ на “Ретро журка No 8“ во “Расчекор“ во Битола
- Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот со голем концерт во Хераклеја – спектакуларна вечер на македонска музика, емоции и традиција
- Летна ретро журка “No 8“ во чест на легендарното диско „Орфеј“ – вечер за паметење на 17 јули во Битола





