Press "Enter" to skip to content

Народниот театар со нова премиера и гостувања во Охрид и Будва

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ги завршува подготовките на нова премиерна претстава како и подготовките за настап на “Охридско лето“ и фестивалот “Град театар“ во Будва, Црна Гора, каде ќе гостуваат на фестивалските изведби. 

-Премиерата на претставата “Август во округот осејџ“ ќе се изведе на 30 јули, а на барање на организаторите и фестивалските селектори, во Охрид и Будва ќе ја одиграме претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ за која како што е познато добивме високи признанија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, информираат од Народниот театар од Битола.

Претставата “Бакхи-краток преглед на распадот“ на 25 јули ќе се  одигра на сцената на “Охридско лето“, на 10 август на фестивалот во Будва, а режисер на претставата е Игор Вук Торбица, драматург Билјана Крајчевска, а во претставата настапуваат 12 актери на битолскиот театар.

More from КултураMore posts in Култура »