Press "Enter" to skip to content

Северната трибина под Тумбекафе добива нов лик (дрон-фото + дрон-видео)

Северната трибина на градскиот стадион полека го добива ликот кој го посакуваат сите љубители на фудбалот и спортот во Битола. Работите тргнаа со посилно темпо, а според претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, кој е нај информиран околу изградбата на стадионот, идната година на пролет, трибината ќе бида завршена.Од снимките кои ги направивме од дрон, се пружа поглед кон изградбата  каде  полека се “крева“ трибината, откако претходно беа завршени подготвителните работи.

https://www.facebook.com/damijana.ristevska/videos/141112090418831/

-Изградбата на северната трибина на градскиот стадион под “Тумбекафе“ продолжува со засилено темпо, во наредните два месеца треба да биде донесена трибината до фаза на карабина. По завршувањето на “големата работа“ ќе следуваат занаетчиските работи, односно финализарањето на проектот. Очекуваме, според договорите и темпото на работа, напролет  кога би требало да заврши изградбата на комплетната северна трибина, вели Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола.Инаку, вкупната инвестиција е 5,5 милиони евра, сопствени средства на, инвеститорот, Општина Битола, која со завршувањето на изградбата ќе ги исплати на изведувачот.

More from БитолаMore posts in Битола »