Press "Enter" to skip to content

Сефедин Бајрамов настапи во Трпејца во вечер на шлагери и серенади

Вториот ден од “На зајдисонце“ во туристичкото место на брегот на Охридското езеро, Трпејца, во организација на здружението “За Трпејца со љубов“, помина во знакот на Сефедин Бајрамов, кој на отворената сцена пееше шлагери и серенади, во кои уживаше публиката.

Нашиот сограѓанин, Сефедин Бајрамов, познат интерпретатор на забавна музика и серенади одржа концеет кој беше во знакот 40 годишнината од првата изведба на легендарниот шлагер “Охридски спомени“ изведен 1979 на Скопскиот фестивал.

Концертот на Сефедин беше насловен “40 години – Охридски спомени“ тоа е првата негова песна која всушност и му ја обележа кариерата.

Со песна и вино Сефедин и публиката заедно ќе пееја старите, добри  рефрени од златното време на македонските шлагери. 

Фото: Охридњуз