Press "Enter" to skip to content

Ова лето многу настапи на хоровите при  КУД “Стив Наумов“ (фото)

  КУД “Стив Наумов“ има богата традиција од  75 години. Во него функционираат двата хора мешаниот и младински  хор.  Мешаниот  хор го имаше својот прв настап на 6 ноември во далечната 1944 и оваа година ќе слави 75 години постоење и јубилеј достоен за почит.  Хоровите при КУД „Стив Наумов“ Битола успешно функционираат   под диригентската палка на професорот Љубомир Трифуновски кој ги води повеќе од 50 години.   Хоровите имаат долга традиција и во нив пееле,поминале многу генерации.Во двата  има членови кои членуваат со љубов и повеќе години.

Марија Чакулеска е постојан член во младинскиот хор веќе 20 години и 1 и пол година во мешаниот хор, настапува и како солист. Покрај ова нејзина „пасија“ љубов кон хорот како што таа ја нарече, таа како долгогодишен  член  е ангажирана и околу организација на настапите и активностите во КУД Стив Наумов. Заради тоа и права личност за разговор околу нивните настапи ова културно лето.Богато културно лето за  хорoвите при КУД Стив Наумов и многу настапи, кажете ни повеќе за тоа?

-Летото ни започна многу убаво со настап на „ТЕХО“ Интернационален Фестивал на хорови во Тетово на 15.06.2019 година.  Оваа година се одржувањше по 28 пат и во чест на  100 годишнина од раѓањето на двата големи композитори Трајко Прокопиев и Тодор Скаловски во Центарот за култура „Иљо Антески“ во Тетово. Ние настапивме со младинскиот и мешаниот хор со по 5 композиции од двата великани на македонската музика. Настапите беа многу успешни и добивме многу позитивни реакции од публиката. Брзо после тоа со младинскиот хор заминавме на турнеја на островот Крф.Повеќе за турнејата на Крф и каде настапивте…

-Турнејата  траеше од 20-25 јуни каде настапивме на Интернационален фестивал на хорови од ревијален карактер. На истиот учествуваа 9 хорови од различни земји. Младинскиот хор настапи со неколку композиции од кои „Дафино вино црвено“ „Рум, дум дум“ … и  аплаузи и овации од публиката. Островот Крф има богата традиција на хорска музика и пеење која многу се почитува. Заради тоа и ние им станавме миленици на истата и се случуваше да ни бараат и автограми и да се фотографираат со нас што нам ни даде посебен поттик да бидеме уште подобри во настапите. Тука би кажала дека се случија и соработки за други идни проекти кои се надевам дека ќе се реализираат. Се разбира финансискиот момент е важен, но со нашиот ентузијазам и љубов се надеваме дека ќе успееме да реализираме дел од истите.Бит Фест 2019 и настапи на двата хорови КУД Стив Наумов. Кажете ни за нив каде се одржаа?

-Одржавме два концерти во рамки на Битолско културно лето –  Бит фест 2019 година. На 5 јули со женскиот хор во НУ Завод и музеј со разновидна и богата програма од 13 интернационални композиции. На 9 јули со мешаниот хор и настап со 11 композиции. Секогаш ни е задоволство да настапуваме пред битолската публика која има чувство  за добра музика.Идни планови

-Сега сите заминуваме на заслужен одмор, кој ќе ни биде потребен за понатаму кога имаме повеќе активности. Најпрво во месец октомври мешаниот хор ќе настапи во Р. Бугарија, во градот  Дупница од 19 до 21 октомври на Интернаионалниот фестивал на хорови. Во ноември ни претстои одбележување на големиот јубилеј 75 годишнината од првиот настап на хорот при КУД Стив Наумов – Битола. Се разбира сакаме достојно да го одбележиме со повеќе активности, настапи, да направиме спот во нашата Битола… Покрај нашиот ентузијазам, љубов, пасија како да ја наречеме мора да бидеме реални дека  како и на кој начин ќе се одбележи јубилејот  зависи многу и од финансискиот момент. Сите ние кои членуваме и повеќе години со нашата уметничка природа, љубов кон музиката, дружењето кое е посебно во хорот ќе дадеме се од себе да го прославиме овој јубилеј на достоинствен начин.

Жанета Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »