Press "Enter" to skip to content

Фото-времеплов: еве кои битолчани и како ја бодреа Македонија на Европското во ракомет во Ниш во 2012 (фотогалерија)

Утре околу стотина битолчани, љубители на ракометот ќе отпатуваат за Загреб, Хрватска, каде ќе ја бодрат репрезентацијата на Македонија, на Европското првенство во ракометот, кое започнува на 12 јануари.

За Загреб, утре рано наутро тргнуваат битолчани, со организиран превоз или пак во сопствена режија со автомобили. Според разговорите кои ги имавме денес со нив најголем број од навивачите кои ќе патуваат со автомобили ќе патуваат заедно, во колона.

Пред ова европско првенство преку фотографии направени во јануари 2012 година на Европското првенство на групата во Ниш, Србија, каде играше Македонија, ви ја долуваме атмосферата тогаш, а се надеваме дека така ќе биде и во Загреб. Таму беа многумина кои ќе се препознаат на фотографиите: Валентин, Балто, Калешо, Диме-Дака, Даниело, Јапано, Горан, Филип, Митко, Пискачо, Јапонецо, Тафата, Ефто, Гањо, Диме –Пелистерка, Ферџо, Владе, Боби, Чалтоно…

Покрај во спортската сала во Ниш, македонски знамиња севиореа и македонски песни се пееја и по кафаните, кафулината, улиците…

Многу битолчани, Македонци, со многу развиорени македонски знамиња, нека има во Хрватска, а со оваа фото галерија од 2012 сакаме на сите битолчани кои тргнуваат за Загреб да им посакаме среќен пат и победа на Македонија уште на првиот натпревар.

More from БитолаMore posts in Битола »