Како и “од годините“, како што велат битолчани, синоќа, како што сме научени да гледаме илјадници верници од Битола и Битолско, вечерта спроти денот на Архангел Михаил, ја посетија истоимената црква во месноста “Довлеџик“, кои останаа верни на децениската традиција.
Убавото време и вербата во светецот, ги донесе битолчани во убавата црква, а се чини како никогаш да немало толку многу народ, колони уште од Педагошка, а полицијата мака мачеше како да го регулира сообраќајот кој се пренасочуваше.
Во дворот на црквата голе број верници, стрпливо чекаа да запалат свеќа и да се помолат, а поради големата гужва ред се чекаше да се влезе внатре во црквата и да ја целуваат светата икона и ги видат прекрасните фрески на ѕидовите и иконите на иконостасот. А, така беше и за влез во малото црквиче каде е светата вода.
Но, и денес се очекува тука да има голем број верници, кои синоќа не успеаја да дојдат во црква “Св. Архангел Гаврил“, за да се помолат за здравје и простување на гревовите.

Илјадници верници синоќа во црквата “Св. Архангел Гаврил“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





