Првата фестивалска вечер на “Илинденски“ помина во знак на свеченото отворање, на “Комитското“ на КУД “Илинден“, “Русалииите“ – христовите чувари во Ерусалим, зурлите и тапаните на ансамблот “Македонија“…, но на крај публиката ги воодушеви танцот на гостите од Мексико.
Регионалниот фолклорен ансамбл “Монтереал“ од градот Монтреј од Мексико (CFR – Regiomontano Folkloric Ensembl, Monterreal, Monterrey, Mexico), со атрактивен танц во кој имаше игри, танц, глума, сценарио, за заврши вечерта.
-Битола до 31 јули ќе живее во ритмите на Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел, а добро ќе ги препознаеме и сите наши ора и песни, познати и помалку познати, за да се потсетиме дека фолклорот обединува, зближува, и дека не постои поголем амбасадор во светот, ќе каже на отворањето, Маја Андоновска – Илиевски, директор на Центарот за култура.
А, ние преку фотогалерија ви пренесуваме дел од атмосферата која ја направија мексиканските фолклористи, приказна топла, силна, истрајна, радосна…
Ж. Ристевска, Фото: Сашо Ристевски






