На денешната седница на Советот на оппштина Битола, беа изгласани заклучоците кои Советот на опптина Битола ќе ги достави до РК Еурофарм Работник, во врска со понудената “Платформа“.
По одржаната дискусија и гласање, Советот донесе одлука наместо 100 проценти да се продадат акциите, како што наведе Еурофарм Работник да се продадат 75%, а исто толку Општина Битола да купи акции од Еурофарм Работник.
Платформата пред советниците ја образложи Валентин Груевски, кој ги прочита следните заклучоци, кои како рече суштински ја менуваат.
-Да се овозможи купување на 75% од акциите на РК Пелистер согласно законската регулатива.
-Акционерскиот влог да биде 75% на Еурофарм Работник и 25% на Општина Битола.
-Општина Битола да купи 25% од акциите на РК Еурофарм Работник.
-Во двата клуба составен дел од името ќе биде Пелистер.
-Општина Битола годишно ќе издвојува по 15 милиони денари.
-РК Еурофарм Работник годишно ќе издвојува по 45 милиони денари.
-Вкупниот буџет на клубот би бил најмалку 60 милиони денари.
-РК Еурофарм Пелистер во наредната сезона ќе настапува во плаво-бели дресови, на кој ќе биде грбот на РК Пелистер, а во наредната сезона дресовите ќе бидат плаво-бели и зелено-бели.
-Трошоците за одржување на спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе се делат согласно процентот на акциите.
-Двата клуба без надоместок ќе ја користат спортската сала.
-Останатите точки од Платформата се прифатливи.
Заклучоците беа изгласани со 15 гласа од страна на позицијата, а воздражани беа 10 гласа од опозицијата.
На гласање беа ставени и заклучоците кои ги предложи до Комисијата за спорт, советникот Иванчо Тошевски, но не беа изгласани, а беа: двата клуба да ги носат имињата Еурофарм Пелистер и Пелистер Еурофарм јуниор, во втората сезона името да биде Пелистер Еурофарм, да се прецизира правно зачувувањето на идентитетот и традицијата и спортската сала да ги следи стандардите на ЕХФ.
На седницата, опозицијата, преку координаторот Иванчо Тошевски обвини за нетраспарентонот, реагирајќи дека материјалите ги добиле вчера, а не во предвидениот рок од седум дена.
-Интересно изгледаат заклучоците, но химната што ја пеат навивачите, и јас како дел од навивачите гласи: “Нека знае земја цела сакам боја зелено-бела“, е она што сите нас не обединува. Од наредна година мора да има промени. Како најспортска публика, нас не интересира дрес во зелено-бела боја. Да се гарантира дека во следните пет години натпреварите од СЕХА и Лигата на шампиони да се играат токму во Битола, бидејќи битолчани ќе издвојуваат 15 милиони денари рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара претставник од Еурофрам Работник ја излез пред советниците и да ја образложи платформата.
По зборувањето на советниците за збор се јави претставникот на “Чкембарите“, Николче Лазаровски, кој рече:
-Нам ни е најбитно ни е да се зачува идентитетот на клубот, а тоа иметот и грбот, дресот. Името на спонзорот во случајот ќе биде пред името на клубот, но и тоа го прифаќаме, но ни пречи менувањето на боите на клубот. Еурофарм Работник во Лигата на шампиони ја има пријавено сино-белата боја, а најмногу што можеме да прифатиме е тоа да се има два комплети на дресови. Ќе инсистираме сите домашни натпревари да се играат во зелено-бела комбинација, а од следната сезона да бидеме зелено-бели, во спротивни ќе ги нема “Чкембарите“ на трибини.
Заклучоците на Советот ќе бидат испратени до Еурофарм Работник, а потоа Советот повторно ќе расправа за конечниот договор за купопродажба.






