Денес екипите кои работи на поставувањето на новото осветлување во спортската сала “Боро Чурлевски“ ги завршуваат работите и ги прават завршните работи.
Екипите веќе ги имаат поставено и мрежно поврзани 83 рефлектори кои ќе ја осветлуваат салата со потребните 1.000 лукса, колку треба да има според строгите критериуми на ЕХФ.
Вечерва надзорните екипи ќе го проверуваат осветлувањето, а утре е инспекцијата од ЕХФ која ќе го даде зеленото светло за одигрување на натпревари од СЕХА лигата и Лигата на Шампиони, каде ќе се натпреварува екипата на Еурофарм Работник.
По овој најважен зафат ќе следува завршувањето на започнатата санација на тоалетите под јужната трибина, уредување на таванскиот простор и помошните простории, како и на паркингот пред спортската сала.
По што ќе следи и официјалната дозвола за натпреварите на Еурофарм Работник да се играат во Битола.






