Еурофарм Работник – Пролетер 35:22 (17:11)
Ракометно игралиште „Наумче Мојсовски“ Струга, гледачи: 500
Еурофарм Работник: Митревски(10 одбрани), Трајкоски(8 одбрани), Чаневски(4 одбрани), Ојлески 3, Маџовски 2, Петровски, Чурлевски, Стјепановиќ 5, Радовиќ 2, Шевелев, Јотиќ 8, Вегар 2, Куковски, Ратајец 1, Граѓан 4, Ѓукиќ 7, Кузмановски, Петровски 1
Пролетер: Шипка, Пешиќ, Тодоров 5, Рашиќ 2, Грачиновиќ 2, Живановиќ, Рниќ 51, Терзиќ 2, Кривошија 1, Мириќ 1, Канижај, Радовиќ 3, Карлаш 1, Кнежевиќ(8 обрани) , Шару (8 одбрани).
Вториот ракометен ден на струшкиот турнир започна со победа на Еурофарм Работник над Пролетер од Зрењанин.
“Фармацевтите“ отворија со 3:0, а таа разлика беше во почетните десет минути. Потоа битолчани создадоа предност од пет голови која ја одржуваа, а на одмор заминаа со +6 (17:11). Тренерот Алушовски им даде еднаква шанса на тројцата голмани на Еурофарм Работник, репрезентативниот голман Никола Митревски имаше одлично деби со 9 интервенции, потоа Чаневски собра 4, Трајковски имаше 8 одбрани, а се истакна и голманот на Пролетер.
На стартот на вториот дел Еурофарм дојде до 19:11. Потоа следува минутите на госстите од Зрењанин, кои дојдоа само до -3, а потоа се си дојде на место во втората половина на вториот дел, прво Еурофарм Работник дојде до 28:20, за на крај да биде 35:22.






