Подгорица – Крајова 22:18
Во спорстската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, со финалниот натпревар меѓу Подгорица и Крајова, заврши првиот меѓународен „Феникс Куп“ за млади девојки во Битола.
Победник на овој прв турнир од ваков вид е екипата на Подгорица од Црна Гора која во финалето ја победи романска Крајова со 22:18, а црногорските ракометарки заслужено го подигнаа победничкиот пехар и на крај се радуваа.
Од индивидуалните награди за најдобар стрелец беше прогласена ракометарката на Феникс АМС, Емилијана Ризоска (31 гол), додека домашната екипа ја даде и најдобрата голманка – Драгана Маркоска (52 одбрани).
Според најавите на организаторот на „Феникс Купот“, овој турнир ќе стане традиционален, а ќе биде едно од најсилните натпреварувања за млади категории во нашата историја.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ четири дена беше домаќин на три домашни и пет интернационали екипи, кои покрај големата дружба, одиграа квалитетни натпревари.
[ngg src=”galleries” ids=”381″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






