Како и секогаш на “Белата ноќ на Широк Сокак“ сопственикот на кафулето “Портал“, Сашо Шамбевски не остава ништо на случајноста, а неговата екипа е максимално подготвена за вечерашното издание на оваа битолска журка.
-Откако започна да се организира “Белата ноќ“ ние сме вклучени во организацијата и секако со нашите услуги кон битолчани и нивните гости. Оваа година покрај кафулето “Портал 2“ на Широк Сокак. Максимално се подготвени да ги услужиме сите кои ќе бидат наши гости. Синоќа поминавме одлично, а и за вечерна сите од екипата на “Портал“ се подготвени, пред време, како што може да се види, вели Сашо Шамбевски, додека со својот тим ги прави последните подготовки, а сите најдоа и време за заедничка фотографија за спомен од оваа година.
Кафулето “Портал 2“ има и шанк, веднаш пред бината од страната на Широк Сокак. За подобра услуга на гостите има и помошни шанкови, кои како рековме веќе се подготвени и ги услужуваат првите гости.
Повелете ве очекуваме, порачуваат од кафулето “Портал“, да ја поминеме убаво оваа прекрасна летна вечер, збогатена со музика.

Екипата на “Портал“ подготвена за “Белата ноќ“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





