По дозволата СЕХА лигата да се игра во Битола, ракометарите на Еурофарм Работник во новата сезона ќе можат да играат натпревари од Лигата на шампионите, одлучи комисијата која ја правеше инспекцијата во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.
Така битолчани и од околните градови кои се љубители на ракометот на 15 септември ќе го гледаат првиот натпревар во историјата на Битола од Лигата на Шампиони, а Еурофарм Работник ќе биде домаќин на екипата на Спортинг од Португалија.
Сепак, се она пто е наведено во условите за играње на Лига на шампиони ќе мора да се среди до првиот натпревар, а првиот тест на организациската подготвеност на тимот на Еурофарм Работник, ќе биде на првиот натпревар од СЕХА лигата на 3 или 4 септември.
Доколку има било какви забелешки од делегатот на првиот натпревар од Лигата на Шампиони ќе мора Еурофарм Работник да бара нова сала за играње.
Еурофарм Работник во деби настапот е во група со Спортинг (Португалија), Савехоф (Шведска), Бидасоа Ирун (Шпанија), Кокс (Финска и Татран Прешов (Словачка).






