Press "Enter" to skip to content

“Петарда“ на Пелистер во Охрид, за приклучок во врвот на табелата (фото)

Охрид – Пелистер 1:5 (0:2)

Во четвртото коло од Втората фудбалска лига – запад, екипата на Пелистет ја забележа третата победа, а со новите три бода е второпласиран на табелата.

Пелистер уште на стартот на натпреварот во 10. минута поведе со 1:0 со голот на Борче Маневски, а во завршницата на првиот дел во 47. минута Антонио Бујчевски зголеми на 2:9, со што и го најави победникот на “Билјанини извори“.

Ефикасноста на “пелистерци“ продолжи и во второто полувреме ја потрдија Љамчевки и Недановски за 0:4, а почесниот гол за Охрид го постигна Секуловски. Петтиот гол и заверка на победата ја направи повторно Недановски со својот втор гол.

Лидер на табелата е Скопје, со 10 бода, а покрај Пелистер на второто место, 9 бода имаат и Дрита и Гостивар.