Струга – Пелисте 24:26 (11:12)
По орворањето на сезоната на Супер ракометната лига со пораз во Битола, но во одлична игра, ракометарите на Пелистер од гостувањето во Струга се враќаат со значајна гостинака победа.
Ракометарите на Александар Зарков против Струга, која настапи без неколкумина ракометари, без тренерот Тамелковски, одиграа добро мотивирано и не потпаднаа на притисокот, иако домаќините имаа предност од +3 на стартот и на оодмор заминаа со +1 (11:12).
Во второто полувреме “пелистерци“ само ја дозавршија работата, имаат три гола предност, Струга се доближи на еден гол разлика, но на крајот со два гола разлика 24:26 се вратија со победа.
Најфиксни во редовите на Пелистер беа Талевски и Бутурац со по шест постигнати гола.
Во наредното коло екипата на Пелистер ја пречекува екипата на Охрид.






