Денес во спортската сала “Боро Чурлевски“ во 16 часот, ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу екипите на Пелистер и Работнички, во рамките на подготовките на двете екипи пред стартот на кошаркарската сезона.
Двете управи, во соработка со двајцата тренери донесоа одлука натпреварот да се игра без присуство на публиката.
Им, се изнинуваме на љубителите на кошарката од Битола, наши навивачи, за ваквата одлука и поради тоа што не ќе можат да го гледаат овој натпревар, а прилика за заедничка среба ќе имаме на 5 октомври на отворањето на сезоната.
КК Пелистер






