Press "Enter" to skip to content

Започна националното првенство во билјард, Илија Трајковски второпласиран (фото)

Викендов започна националното првенство во билјард, во дисциплините “9 -ка“ во организација на асоцојацијата на билјард и снукер на Македонија. Првиот од седумте турнири се одигра во “Гран клуб“ во Скопје, а предвидено е да се одржат 7 турнири. Покрај во дисциплината  “9-ка“ ќе има натпревари во “8-ка“ и “10-ка“.

-На првиот турнир во категорија “9-ка“ од вкупно планирани три, а ќе одржуваат покрај во “Гранд клуб“ и во “Голден“ во Тетово. На првиот турнир зедоа учество и битолски играчи кој членуваат во снукер-билијард клубот “Лонгони“ во кој членуваат 15-тина натпреварувачи, вели капитенот на клубот, Горан Думевски Панчо.На првиот турнир кој се одигра на 14 и 15 септември настапија пет битолчани, Илија Трајковски – Илче кој заврши како второпласиран, Костантин Бојаџиев – Тино кој беше третопласиран, Горан Думевски – Панчо кој го освои 9. место, Благоја Гиновски кој на крај беше седумнаесетти и Никола Христов – Моделино како дебитант.

Илија Трајковски – Илче на овој турнир кој заврши како второпласиран, а во финалето загуби со 9:8 од Кире Зајкоски кој покажа крајна истрајност и спортска култура. Мора да се напомене деке нашиот Трајковски во финалето имаше добиен натпревар, при што имаше и солидно имаше водство, најпрво на оотворањето на финалето со 7:2, а потоа и  8:5, но потоа следуваше серија на Зајковски кој стигна до победа, вели капитенот на “Лонгони“, Горан Думевски Панчо.

More from БитолаMore posts in Битола »