Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер продолжуваат со контролните натпревари

Пелистер – Работнички 99:106

Екипата на Пелистер на дваесетина дена пред стартот на кошаркарската сезона која е закажана за 5 октомври, влегува во завршниот дел од подготовките, кои за започнаа пред сите останати екипи.

Во денешната контролна средба се поразени од екипата на Работнички во натпревар кој се одигра во спортската сала “Боро Чурлевски“, без публика.

“Пелистерци“ иако се поразени од фаворитот сепак добро идиграа, а посебно како квалитетен дел од натпреварот била последната четврта четввртина, кога од -17 се вратиле на 1 минута и 40 секунди на само -2.

Следниот пријателски натпревар, на кој тренерот Зоран Тодоровиќ, ќе ја контролира играта и квалитетот на кошаркарите е закажан за петок, а противник ќе им биде екипата на Гостивар.