Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник денес во Шведска го игра вториот натпревар од Лигата на шампионите

Од понеделникот ракометарите на Еурофарм Работник се во Гетеборг, Шведска каде денес со почетокот во 17 часот че го одиграат натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Савехоф.

Уште од понеделникот кога пристигнаа во Шведска, тренерот на Еурофарм Работник ги започна последните подготовки, пренесувајќи им ги на своите ракометари анализите кои тој ги направи за шведската екипа, на терен а и преку видеа материјали.

Тренерот Стевче Алушовски се реши со истите ракометари кои настапија против Спортинг во Битола да отпатува за Гетеборг. 

-Во овие натпреварувања, искуство е од пресудно значење. На Спортинг ова му е трето учество по ред и нивното искуство го доби натпреварот. За разлика од нив, ние имаме многу дебитанти. Битен ни е натпреварот со Савехоф, па ако дадеме максимум, мислам дека ќе добиеме. Поискусни сме, но знаеме каква е скандинавската школа. Треба да се спремиме во главите дека во ниту еден момент не е одлучен победникот, изјави репрезентативниот голман во редовите на Еурофарм Работник, Никола Митревски.

ЕХФ ги делегираше австриските судии Денис Болиќ и Кристов Хурич за натпреварот во Гетеборг, а делегат Пер Молтен Содал од Норвешка.