Синоќа во рамките на 40. изнание на фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“ беше премиерната проекција на македонскиот филм “Медена земја“, македонскиот кандидат за Оскар, за која битолчани бараат столче повеќе во Големата сала на Центарот за култура.
По завршувањето на филмот актерите излегоа на сцената, а битолчани ги наградија со силен аплауз и со едно големо браво за целата екипа на “Медена Земја“, за ремек-делото и за приказната која ја раскажаа, а како рекоа по завршувањето на филмот, Хатиџе е една од хероините на нашето време.
Пред проекцијата на филмот битолчани беа послужени со медовина, во холот на Центарот за култура.

“Медена земја“, кандидат за Оскар, ја преполни салата, аплаузи за актерите (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“





