Press "Enter" to skip to content

Соопштение на ЈП “Комуналец“: Битола организирано ќе се вклучи во Светскиот ден на чистење – 21 септември

ЈП „Комуналец“-Битола со задоволство соопштува дека претпријатието со својот човечки и материјален ресурсен потенцијал, со поддршка на Општина Битола и локалните комунални претпријатија, в сабота на 21 септември ќе го одбележи Светскиот ден на чистење, и ќе почне голема есенска еколошка акција „ЗА чиста Битола“.

Почитувани сограѓани вклучете се и Вие со Вашите идеи и желби, јавете се во ЈП „Комуналец“ на телефонскиот број 047-207-400 и заеднички да помогнеме за почиста и позелена Битола.

В сабота комуналните тимови со механизација ќе бидат на улицата „Цар Самоил“ (кај Дрвен Пазар), смет ќе се собира пред паркот на основното училиште „Тодор Ангелески“ како и меѓу улиците на „Наум Наумовски-Борче“ и „Илинденска“, а очекуваме поддршка на еколошката акција и од нашите сограѓани во населбата „Ушици“ каде ќе се врши косење, гриблање и кастрење на трева, гранки и чистење на смет.

Големата еколошка акција која ќе се одвива до 29 септември битолските комунални претпријатија ќе ја реализираат и во населбата „Боримечка“, улиците „Игњат Атанасовски“, „Партизанска“,  „Јане Сандански“, „Пионерска“, но и на други локации кои благовремено ќе бидат посочени во ЈП „Комуналец“-Битола.

Почитувани сограѓани ослободете се од гломазниот отпад, јавете се во ЈП „Комуналец“и вклучете се во големата есенска еколошка акција.

Благодариме за соработката и поддршката,

Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола

More from БитолаMore posts in Битола »