Press "Enter" to skip to content

Со доделување на “Камера 300“ завршува 40. издание на “Браќа Манаки“

Вечерва во Битола завршува јубилејното 40. издание на  ИФФК „Браќа Манаки“, а на програмата која ќе се одвива во големата сала на “Центарот за култура“ ќе биде доделена  Златната “Камера 300“ за животно дело на кинематограферот Јоргос Арванитис.

По доделувањето на наградата ќе има проекција на филмот “Манаки – приказна во слики“, на режисерот и кинематографер е Роберт Јанкуловски.

Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво, раскажано преку оригинални документарни фотографии кој ја следат работата на браќата Манаки.

Сценариото на  филмот е на  Илинденка Петрушевска и Роберт Јанкуловски.

Филмот е специјална проекција во чест на наградените кинематографери кои вечерва на сцената во Битола ќе добијат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, награди за кои одлучува меѓународно стручно жири во кое членуваа  Ед Лакман од САД, Калојан Божилов од Бугарија, Доминик Велински од Франција, Ненад Дукиќ од Србија и Фејми Даут од Северна Македонија.

More from БитолаMore posts in Битола »