Денес на стартот на спорсткиот викенд љубителите на спортот во Битола, ќе имаат прилика да гледаат двојна спортска програма на стадионот под Тумбекафе и во спортската сала “Боро Чурлевски“.
Фудбалерите денес во 15,30 часот ја пречекуваат екипата на Гостивар, а со победа се зацврстуваат на врвот на табелата, искажувајќи ги уште еднаш прволигашките амбиции. Тренерот Дарко Крстевски нема да има лесна задача, со своите фудбалери да го победи Гостивар, знаејќи дека и тие се во горниот дел на табелата.
Ракометарите на Пелистер, по победата над екипата на Струга ја зголемија самодовербата, но пред себе денес ќе имаат посериозна екипа, екипата на Охрид, која во Битола сигурно нема да дојде со бело знаме. Александар Зарков, против екипата на Раде Стојановиќ, двајцата поранешни ракометарие на Пелистер.

Денес двојна програма Пелистер, фудбалерите со Гостивар, ракометарите со Охрид
More from СпортMore posts in Спорт »
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…
- Пелистер во Битола со висока победа над Шкупи (фотогалерија)
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ
- Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Бутел во Битола





