Деновиве пред 10 години, кон крајот на септември 2009 година, се одржа аеро-митинг, на спорсткиот аеродром “Логоварди“, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, пензиониран спортски новинар.
-Аеро-клубот “Мирко Тодоровски“ е еден од најстарите клубови од чии редови излегоа голем број на врвни пилоти во военото и цивилното воздухопловство во поранешната Југославија и Македонија. Бил формирана во 1933 година, со прво име “Наша крила“, вели Миновски и додава:
-Од тогаш па наваму многу години градот го надлетувале спортски авиони, едрилици, авиони за падобранци и други летала. Така беше и во 2009 година кога битолчани кои се љубители на авионите имаа прилика да ги водат леталата на двете министерства за одбрана и внатрешни работи кои имаа и демонстрација.
Покрај демонстрациите на леталата имаше и падобранско шоу, а на аеродромор се спуштија и битолски падобранци.

Деновиве пред 10 години: аеро-митинг на аеродромот “Логоварди“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Ноќен клуб “Расчекор“ – 35 години храброст да се биде поинаков, 35 години приказна што ја живее Битола
- Деновиве пред 10 години: последни фотографии на старата трибина, соблекувалните и канцелариите под Тумбекафе (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Ракометарите на Пелистер продолжија во Челинџ купот (фото)
- Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден





