Четори дена од 19 до 22 септември, во Битола, под покровителство Норвешката фудбалска Федрација, а во соработка со Фудбалската Федерација на Македонија, се одржа вториот семинар за развој на жески фудбал.
Семинарот го водеше Onar Nymoen вработен во Норвешка федерација, заедно со двајца познати тренери и селектори на Норвешката репрезентација за жени.
На семинарот учествуваа 22 кандидати за тренери, кои по завршување на семинарот, кој беше поделен на два дела, теоретски и практичен, од организаторите посебни сертификати кои ќе им помогнат во натамошното градење на тренерската професија.
-Имавме теоретска настава со многу примери во хотел “Милениум“, а потоа практичен дел на Ќумурното игралиште на вештачката трева и на градскиот стадион, каде во неделата со 120 деца од основните училишта се одржа фестивалот на фудбалот. На фестивалот кандидатите за нови женски фудбалски тренери ги демонстрираа своите вештини, рече Гордана Цветковска – Бошевска, член на комисија при ФФМ за женски фудбал и домаќин на семинарот, кој се организира заедно со Општина Битола.
-Ова е значаен фудбалски проект за нас, а за кој Норвешката Фудбалска Федерација најде буџет да го подржи во целост. Ова е втор по ред ваков семинар, а се планира продолжение на истиот и во наредната година, бидејќи резултатите се одлилни, рече координаторот за образование на тренери Марио Ѓурчиновски.

Семинар за развој на женски фудбал во Битола (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…
- Пелистер во Битола со висока победа над Шкупи (фотогалерија)
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ
- Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Бутел во Битола





