Press "Enter" to skip to content

Работнички, како фаворит, гостува под Тумбекафе во осминафиналето од Купот

Денес во 15:30 часот прволигашот Работнички ќе гостува на градскиот стадион под Тумбе Кафе во Битола, во рамките на првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија.

Екипата на Пелистер е насочена кон првенството,  а тренерот Дарко Крстески за овој куп натпревар вели:

-Екипата на прволигашот Работнички доаѓа во Битола секако со епитетот фаворит кој го има заслужено, со оглед на тоа што ние сме второлигаши. Ние сме насочени кон првенството и остварување на целта враќање во прволигашкото друштво, но секако ќе дадеме максимум и на овие средби. Овој натпревар ќе биде голема контрола за нас, да видиме до каде сме стигнале до прволигашка конкутенција, знаејќу дека целта е токму прва лига. Ќе имаме мотив, прволигаш Работнички, одличен терен и се надевам голем број на љубители на фудбалот. Шанса ќе добијат некои помлади фудбалери, или се на се одлична фудбалска претстава.Тренерот на Работнички, Александар Влахо вели дека гостувањето во Битола секогаш е фудбалски предизвик, со оглед на клупското реноме на Пелистер, но се надева дека неговиот тим ќе оствари успех.

-Пелистер е бренд во македонскиот фудбал и без разлика што сега е второлигаш, дуелот против битолскиот тим за Работнички е предизвик. Го респектираме противникот, но ние имаме големи амбиции во Куп натпреварувањето и ќе сториме што е во наша моќ да за извлечеме позитивен резултат во Битола. 

Првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Работнички ќе го суди Марјан Стојановски од Кичево.

More from СпортMore posts in Спорт »