Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола беше свечено отворена изложбата “Борба и страдање на полските граѓани за време на Втората светска војна“, која ја отвори
амбасадорот на Република Полска во нашата земја, Војчех Туцински.
На отворањето на изложбата зборуваа и градоначалник на Битола – Наташа Петровска и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска – Илиевски.
-Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.
Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – сето ова го заслужува нашето сеќавање, беше речено на отворањето на изложбата.
Битола е трет град во кој се претстави изложбата и ќе биде во фоајето на Центарот за култура Битола до 30 септември.
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Отворена изложбата Борба и страдање на полските граѓани за време на Втората светска војна“
More from КултураMore posts in Култура »
- Во Битола затворен “Танц Фест 2026“ со изведба на “Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена (видео+фотогалерија)
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)





