Press "Enter" to skip to content

Ново засилување на КК на Пелистер, Филип Думиќ од Куманово на бековска позиција

Управата на Пелистер продолжува со пријатните изненадувања за битолските љубители на кошарката, а последното е 28 годишниот  Филип Думиќ, кој веќе е во тимот на Пелистер, а ќе биде засилување на бековската позиција.

Пред доаѓањето на Думиќ во Битола, настапуваше за тимот на Куманово, каде одлично одигра, но не најде заеднички јазик со кумановската управа и го напушти тимот. 

Искусниот српски интернационалец, Филип Думиќ, во својата кариера настапуваше за неколку српски прволигаши, како и во романскиот шампионат – Тимба.