Амбасадата на Република Полска во Скопје и НУ Центар за култура – Битола – имаат чест да Ве поканат на изложбата БОРБА И СТРАДАЊЕ НА ПОЛСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА која ќе биде поставена од 24 до 30 септември 2019 година, во НУ Центар за култура – Битола, од 10:00 до 22:00 часот.
Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.
Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – сето ова го заслужува нашето сеќавање.
Се надеваме дека ќе се видиме на изложбата.

Изложбата “Борба и страдање на полските граѓани за време на Втората светска војна“ во Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





