Утрово несекојдневен оглас се најде на залепен на канделабрите на градското шеталиште во Битола, кој предизвика внимание кај битолчани кои беа на редовната прошетка.
“Бара партнерка за бањи 65-70 год. 077******“ е краткиот оглас на бела хартија, напишан со црн фломастер, залепен на канделабрата, а поширокиот оглас најверојатено треда да биде, пензионер бара партнерка на возраст од 65 до 70 години, за заедничи одмор на бања, заинтересираните да се јават на број 077******.
Без разлика како е напишано, таа што треба да разбере најверојатно ќе разбере, а доколку некоја повозрасна госпоѓа сака подетални информации треда да се прошета низ Шеталиште и да се информира за телефонскиот број и условите…






