Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, денес се одржа есенскиот училишен крос на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта.Според Михајло Трампевски, претседател на Сојузот за училишен спорт на кросот, на стартот се појавија повеќе од 600 ученици од сите основни и средни училишта од Битола, кои се натпреваруваа според возраста.На патеката која беше одбележана и обезбедена на градското шеталиште за првите три места во поединечна конкуренција по возраст и за екипни победници се водеше борба до последните метри на целта која беше кај спортската сала “Боро Чурлевски“.Во екипна конкуренија кај основните училишта победник е ОУ “Коле Канински“ со 26 бода, второплсирано беше ОУ “Елпида Караманди“ со 15 бода, а на трето место ОУ “Св. Климент Охридски“ со 9 бода.Кај средните училишта најдобри со 26 бода беше Гимазијата “Ј.Б. Тито“, на второ место со 17 бода средното економско училиште “Јане Сандански“, а на трето место со 9 бода средното медицинско “Д-р Јован Калаузи“.
Есенски училишен крос на Шеталиште (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер победи во пелагониското дерби, промоција на “пелистерци“ како прволигаши во Битола (фотогалерија)
- Костовски со благодарност кон публиката и повик сите заедно до финале на следниот натпревар во Битола
- Утре битолска промоција на Пелистер како прволигаш, изненадувања за публиката
- Пелистер ја доби третата битка со Работнички во Битола, сега е на чекор од финалето (фотогалерија)
- Костоски очекува посетеност како на Куп-мечевите, Пелистер оди на победа