По повод Светскиот ден на туризмот – 27 Септември на традиционалната манифестација што Министерството за економија ја организира секоја година, министерот за економија Крешник Бектеши додели над 50 признанија за најуспешните поединци, здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор.
На оваа манифестсција битолскиот хотел “Епинал“ е избран за најуспешен хотел во категоријата “Градски Туризам“. Наградата е добиена за врвната услуга која им ја нуди на гостите хотелот “Епинал“ според светските хотелски стандарди и е препознаен како еден од врвните градски брендови на хотели.
Од оваа година предлози за најуспешните можеа да даваат и самите потрошувачи, поточно туристите, согласно распишаниот конкурс кој траеше до 9 септември.

Hотел “Епинал“ најуспешен хотел во категоријата “Градски Туризам“
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





