Бидасоа Ирун – Еурофарм Работник 26:25 (11:14)
Еурофарм Работник и на гостувањето ја повторија истата приказна, како и претходните две кога беа поразени, еднаш во Битола, втор пат во Шведска, по добиено прво полувреме, загубен натпревар. Бидасоа Ирун славеше против “фармацевтите“ 26:25 после пресврт откако во првиот дел Еурофарм Работник имаше предност од 14:11.
Веќе во 6. минута Еурофарм Работник остана без Мирко Радовиќ, поради црвен картон, но го котролираше резултатот за во во 12. минута дојде до 5:5. Во 18. минута Еурофарм Работник поведе со 8:7, а на 9:7, а по одбраните на Митревски на одмор замина со водство од 14:11.
Потоа видена реприза, ракометарите на Еурофарм Работник за десетина минути игра во вториот дел ја загубија предноста, иако имаше и 11:16. Потоа домашните ракометари израмнија на 19:19, и ново водство од 21:20. Во 54. минута домашните дојдоа и до 23:20 и победа од 26:25.
Стевче Алушевски, тренер на Еурофарм на прес-конференцијата по натпреварот рече:
-Како по исто сценарио загубивме натпревар кој одлично го почнавме. Најнапред исклучувањето на Радовиќ беше голем хендикеп за нас. Потоа, на почетокот од вториот дел промашивме 3-4 зицери од линијата од шест метри и по двеминутното исклучувањет заради погрешна замена, искусна екипа како Бидасоа се врати. Ако игравме едно полувреме, сега ќе имавме три победи, но вака по 60 минути имаме три порази.






