Press "Enter" to skip to content

Државно првенство во џудо во Горната Гимназија за јубилејот 50 години џудо клуб Пелистер(фотогалерија)

Во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј на џудо клубот Пелистер, вчера во спортската сала на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ се одржа државното првенство во џудо. На државното првенство учество зедоа повеќе од стотина џудисти од сите клубови од државата, а за самата организација, претседателот на џудо клубот Пелистер, Ѓуро Илиќ, кој и го отвори првенството рече:-Државно првенство во џудо со кои го одбележавме големиот јубилеј за нашиот клуб, 50 години континуирана работа на џудо клубот Пелистер. Техничката организација беше доверена на нашиот клуб, а учестуваа џудисти, деца и возрасни со 23 години. Се прикажаа одлични борби, а победниците заслужено ги освоија медалите.На првенството џудо клубот Пелистер имаше пет претставници во категоријата деца, за што Илиќ вели:-Имавме пет учесници кои освоија четири медали, што ќе биде мотив повеќе за нашите млади спортисти кои треба од година во година, од првенство во првенство да напредуваат, а јас се надевам дека ќе биде така.Инаку, прославата на 50 години, јубилеј, џудо клуб Пелистер, ќе има и други настани, како семинари, предавања, промоции на книги и ДВД изданија, а на свечена академија ќе биде кажано како се одвиваа овие 50 години и ќе бидат доделени признанија на заслужни.

Текст и фото: С. Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”410″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]