Почитувани љубители на ракометот,
РК Еурофарм Работник, утре, среда на 2 октомври 2019 во 17:15 часот го пречекува својот нов противник во рамките на СЕХА лигата, Веспрем.
Ве известуваме дека продажбата на билетите за овој натпревар ја стартувавме во саботатаа, а цената на поединечниот билет за ова несекојдневно ракоменто доживување е 250 денари.
Дојдете заедно да ги бодриме нашите момци во салата “Боро Чурлески“ во Битола.
Билетите можете да ги купите онлајн на katrieurofarm.mk, како и на сите официјални продажни места кои се објавени на нашата страница за онлајн продажба на билети.
Ве очекуваме!






