Училишниот дувачки оркестар под менторство на проф. Марјан Бакревски го одбележа светскиот ден на музиката, на необичен начин со изведување на композиции на Широк Сокак, пред “Веро“ и пред конзулатот на Руската федерација на плоштадот “Магнолија“.
Ваквиот начин на одбележување на светскиот ден на музиката наиде на многу позитивни коментари од битолчани, кои искажаа желба професорите и за други поводи да ги изнесуваат учениците да музицираат на отворено, а повозрасните се потсетија на времињата кога секоја недела и празник свиреше “блех“ оркестар и посакаа да се обнови таа традиција.
Инаку, ова не е прв пат учениците на проф. Марјан Бакревски да музицират на отворено, а претходно свиреа во градскиот парк на маратонот “Трчај бе“.

Професорот Бакревски и учениците на Широк Сокак, го одбележаа Светскиот ден на музиката (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





