Press "Enter" to skip to content

Битола си го врати ракометот, Еурофарм Работник го победи големиот Веспрем (мега фотогалерија)

Еурофарм Работник – Веспрем 26:24 (14:8)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 3000. 

Судии: Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица од Хрватска. 

Делегат: Синиша Рудиќ од Хрватска.ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Митревски (11 одб., 1 сед.), Трајкоски (1 одб.), Ојлески 1/1, Маџовски 1/2, Чурлевски, Стјепановиќ 5/12, Радовиќ 1/1, Шевелев 0/2, Јотиќ 8/11, Вегар 2/5, Кукоски, Велковски, Остроушко 4/8, Граџан 4/4, Ѓукиќ, Кузманоски.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: –

ВЕСПРЕМ: Цупара (10 одб., 1 сед.), Мартон, Манасков 3/4, Омар 2/3, Мораеш 0/1, Тонесен 2/5, Гајиќ 9/10, Нилсон 3/4, Маргуч, Лауге Шмит 2/4, Штрлек, Терзиќ, Благотиншек, Мае 0/2, Мацковшек 1/2, Лекаи 2/4.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.Екипата на Еурофарм Работник по третото коло од СЕХА-лигата има три победи и е на врвот на табелата со максимален учинок, а најновата, трета победа, е над ттакометниот гигант, унгарски Веспрем, победувајќи го со 26:24, полувреме 14:8.Голманот на Еурофарм Работник, Никола Митревски, беше човекот на одлука со своите четири одбрани на стартот. Одбраните надополнети до одлична игра му донесоа +5 на “фармацевтите“. Митревски во продолжението одбрани и пенал, од вкупно 1о одбрани, а тоа беше доволно да експолодираар трибините со огромна поддршка на од публиката Еурофарм Работник продолжи во истото темпо, за на пауза да замине со +6 (14:8).Второто полувреме Унгарците го започнаа посериозн, имаа сероја од 5:2, а во 46 минута израмнија на 19:19. Потоа домашните ракометари успеаја да дојдат до +3, а водството го одржуваа со крајот на натпреварот, кој заврши со +2 (26:24).Стевче Алушовски, тренерот на Еурофарм Работник, на пресот по натпреварот  рече:-Честитки за навивачите и играчите, горд сум за победата над еден европски гигант како Веспрем. Во Лигата на шампионите запишавме неколку лоши резултати, а ова како да беше награда за сето тоа. Се надевам дека момците ќе започнат да веруваат во себе дека многу вредат. Мислам дека тие уште имаат психолошка бариера за да дадат максимум, а јас искрено се надевам дека овој успех ќе ни помогне да започнеме да бележиме резултати кои од нас се очекуваат.Никола Митревски со пофални зборови за публиката во салата:-Игравме со противник кој според мене е еден од најдобрите три во Европа, кој во овој момент влезе во еден лош период и очекуваше токму во Битола да го заврши. Но, ние не им дозволивме. Иако мислев дека публиката дојде да го гледа Веспрем, но во клучните моменти во вториот дел кога Веспрем ни се доближи, токму со помош на битолската публика успеавме да забележиме голема победа.На крајот заслужено ракометарите ги добија и честитките од првиот човек на Еурофарм Рабтник, Зоран Стерјев, со кој заедно продолжија да се радуваат во соблекувалната, секако наздравија со пиво за големата победа.Текст и фото: Сашо Ристевски